ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ – На 19.11.2020 полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Центар го привеле Г.Т.(34) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“. По преземени мерки и активности украденото е вратено на пријавителот. По комплетно документирање на случајот против Г.Т. ќе биде поднесена кривична пријава.
КРИВИЧНА ЗА ИЗМАМНИК – СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(57) од Скопје, за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, во втората половина на мај 2020, за сума од 1.300 евра телефонски му ветил на Р.Р. дека ќе му извади лични документи од Република Северна Македонија, без негово присуство, иако бил свесен дека тоа не може да го направи.
КАФАНА ВО ЕК НА ПАНДЕМИЈА – СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д. (20) и А.Д. (22) двајцата од с.Желино, Тетовско, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 16.11.2020 во 21.45 часот, во с.Желино, од страна на полициски службеници била извршена контрола во угостителски објект, сопственост на пријавените, во врска со почитување на мерките и протоколите со цел спречување на ширење на ковид-19, при што угостителскиот објект бил отворен, а во него биле затекнати други лица. Притоа, пријавените почнале агресивно да се однесуваат кон полициските службеници кои вршеле службени дејства. А.Д. и А.Д. биле приведени во СВР Тетово.
ТЕПАЧКА ВО АВТО-ПЕРАЛНИЦА – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Н.(18), С.Е.(19) и Д.А.(19), сите од с.Теарце, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 14.09.2020, додека М.Ф. извршувал работни задачи во авто-пералница во с.Пршовце, дошле Ф.Х. и В.Е., двајцата од с.Пршовце, а за кратко време и пријавените. Помеѓу пријавените, од една страна, и Ф.Х. и В.Е., настанала меѓусебна расправија, која преминала во физичка пресметка, по што Ф.Х. и В.Е. побегнале. Тогаш, пријавените физички го нападнале М.Ф., при што употребиле и метален предмет, а Д.А. физички го нападнал и А.С., кој заедно со Ф.Е., двајцата од с.Пршовце, се обиделе да ги раздвојат.
ПОЖАР ВО ФАБРИКА – На 19.11.2020 во 08.16 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека во фабрика на ул.„16-та македонска бригада“ настанал пожар. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје.
ПОЖАР ВО ЖЕЛЕЗНИЦИ – На 19.11.2020 во 09.19 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во механичарска работилница за поправка на вагони сопственост на „Железници на Република Северна Македонија“ во нас.Трубарево, при што работилницата била целосно опожарена . Пожарот бил локализиран, а во пожарот тројца вработени биле повредени. Притоа, Н.Г.(53) од с.Јурумлери се здобил со тешки телесни повреди, Р.Л.(62) и В.Т.(56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор.
ДВАЈЦА СКОПЈАНИ СЕ СТЕПАЛЕ – На 19.11.2020 во 16.00 часот било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, дошло до нарушување јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.С.(33) и Т.Ј.(55), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.
НАПАДНАТ КАЈ БИТ ПАЗАР – На 19.11.2020 во 15.40 часот А.И.(18) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице.
ПИШТОЛ ЗАИГРАЛ ВО ШИШЕВО – На 19.11.2020 во 12.00 часот В.К.(67) од Скопје пријавил дека на 18.11.2020 околу 10.30 часот во с.Шишево, скопско, Д.Ѓ. со пиштол му упатил закани. Се работи на расчистување на случајот.
КРИВИЧНА ЗА ДИЛЕР НА ДРОГА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.Ѓ. од Кичево за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 01.02.2020 во Кичево, на ул.„Булевар Тане Цалески“, од страна на полициски службеници при преглед на патничко возило „хонда“, управувано од страна на пријавениот, биле пронајдени и одземени марихуана и мешавина од марихуана и тутун.
ХЕРОИН ВО ЏЕБОТ – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. (33) од с.Одри, Тетовско, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 02.05.2019 во с.Одри, од страна на полициски службеници при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени хероин и мешавина од кофеин и парацетамол.
ОГРАБЕН ВО ЦЕНТАР – На 20.11.2020 во 11.00 часот Х.Г.(23) во Полициска станица Центар пријавил дека на 19.11.2020 околу 22.30 часот на подрачје на Центар, две лица со закана му одзеле пари, торбичка и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 20.11.2020)