Пиоли: Против Јувентус покажавме дух на пожртвуваност
Требаше да бидеме цврсти, компактни и да извршиме притисок врз секој што има топка - изјави Пиоли за „Скај Спорт Италија“.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли искажа пофални зборови за играта на неговите избраници на гостувањето кај Јувентус. Милан победи со 3:0 во натпревар од 35. коло на италијанскиот шампионат.
– Тоа беше тим кој веруваше, покажа дух на пожртвуваност, даде сè и покажа квалитет. Сакаме да им се заблагодариме на нашите фанови кои навистина не трогнаа утрово со нивна поддршка. Имавме големи победи оваа сезона. Ова не е последен натпревар, па сè уште треба да продолжиме со добрите игри. Јувентус ја менува позицијата на одбранбени играчи и не бев сигурен дали ќе започнат со тројца или четворица дефанзивни играчи. Требаше да бидеме цврсти, компактни и да извршиме притисок врз секој што има топка – изјави Пиоли за „Скај Спорт Италија“.
По овој натпревар, Милан со 72 бода се најде на третото место во Серија А, Јувентус со 69 бода е петти.