ПИЛОТОТ ГО СВРТЕ АВИОНОТ, НО ДЕВОЈЧЕТО НЕ МОЖЕШЕ ДА ЧЕКА! Неверојатно породување на 10.000 метри, патничка роди бебе среде лет

Се роди Фанта, при продувањето помогнале лекар и медицинска сестра кои биле патници во авионот.

690

На летот на „Бриселс ерлајнс“ од сенегалскиот главен град Дакар до Брисел, патничка родила девојче, соопштија од авиокомпанијата.

Жената, која била во 32-та недела од бременоста, набргу по полетувањето почувствувала силна болка во долниот дел на стомакот и побарала помош од екипажот во кабината. За среќа, меѓу патниците имало и лекар и медицинска сестра кои им помогнале на вработените.






Пилотот го свртел авионот, но набргу потоа на патничката и пукнал водниот меур и почнало породувањето.

– За среќа, се помина без проблеми. Жената беше добро. Таа се породи во авион без лекови против болки – додала медицинската сестра. Се роди девојче по име Фанта.

Авиокомпанијата на социјалните мрежи објави фотографија од среќна стјуардеса со новороденче во рацете, а мајката на девојчето лежи до неа.

Поврзани содржини