ПИЈАН ТЕТОВЕЦ СО ПИШТОЛ СЕ ОБИДЕЛ ДА ОГРАБИ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ Полицијата го уапси

Х.Д.(22) од Тетово влегол во објектот и со закана со пиштол побарал од вработениот А.И. да му ги даде парите. Откако А.И. одбил и му рекол да излезе, помеѓу нив настанала физичка пресметка, соопшти тетовската полиција.

2

Приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол денеска се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект.

Од СВР Тетово информираат дека денеска во 16 часот на улица Илинденска во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. ​При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,35 промили алкохол во крвта.






Претходно, во тетовската полиција А.И.(38) од Тетово пријавил дека околу 15:30 часот на неговото работно место во угостителскиот објект Х.Д. врз него извршил обид за разбојништво. Според пријавеното, тој влегол во објектот и со закана со пиштол побарал од вработениот А.И. да му ги даде парите. Откако А.И. одбил и му рекол да излезе, помеѓу нив настанала физичка пресметка, при што осомничениот со кундакот од пиштолот го удрил А.И. во пределот на главата. После тоа, Х.Д. побегнал од местото, но набргу по преземени мерки е пронајден и лишен од слобода.​ Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини