Сообраќајка со тешко повреден патник се случи попладнево во Могила.
Во 18 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистрален пат Битола- Прилеп, во близина на надвозникот со село Долно Српци, општина Могила, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Битола, излетало надвор од коловозот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.К.(61) од Битола.