„ПЕЖО“ ЈА РАЗУБАВУВА ЕСЕНТА СО НАЈНОВАТА ЛАВОВСКА ПОНУДА Четири модели ве чекаат на тест возење

Секој модел е подготвен за тест возење во салоните на Peugeot Македонија, каде клиентите ќе можат да ја почувствуваат разликата уште од првиот момент зад управувачот.

113

Peugeot Македонија ја лансира својата најнова кампања со која на клиентите им нуди повеќе избор, повеќе стил и повеќе престиж. Четири модели ја предводат понудата: градскиот шармер „peugeot 208“, најпосакуваниот „SUV 2008“, динамичниот „fastback 408“ и хедонистичкиот „3008“ – сите достапни по нови цени.

Ова е вистинскиот момент да се доживее возењето на Peugeot – комбинација на француски дизајн, напредни технологии и удобност без компромиси.






– Peugeot отсекогаш симболизирал елеганција и динамика. Allure, тоа е симболот кој се врзува до нашите модели. Со својот фасцинантен надворешен дизајн, i-Cockpit во внатрешноста, напредните технологии, спортскиот управувач и богатата опременост, Peugeot моделите имаат многу елементи со кои се одвојуваат од mainstream брендовите и се вклoпуваат во upper-mainstream категоријата. Нашата цел е Peugeot да го направиме поблизок и подостапен за што поголем број возачи во Македонија – изјави Томислав Нафидов, Бренд Менаџер за Peugeot во Еуроимпекс.

– Со оваа кампања моделите на Peugeot, уште повеќе се приближуваат до секој еден потенцијален клиент, правејќи посакуваното да стане реалност. Peugeot е блиску до секој возач – од оние кои бараат практично градско возило, до оние што сакаат SUV или модерен fastback. Ве покануваме да ја откриете понудата во нашите салони. Сите модели се достапни за пробно возење и Ве очекуваме во нашите салони – изјави Мимоза Марковиќ, продукт менаџер за Peugeot во Еуроимпекс.

Секој модел е подготвен за тест возење во салоните на Peugeot Македонија, каде клиентите ќе можат да ја почувствуваат разликата уште од првиот момент зад управувачот.

Поврзани содржини