PEUGEOT 3008 И OPEL GRANDLAND НАЈПОСАКУВАНИ АВТОМОБИЛИ ЗА 2025 ГОДИНА Победници во 2 категории на „Златно тркало“
Новиот Peugeot 3008 е прогласен за најпосакуван електрифициран автомобил, а новиот Opel Grandland е прогласен за најпосакуван семеен автомобил.
Компанијата Еуроимпекс, која годинава одбележува 35 години постоење, соопшти дека модели од нивните автомобилски брендови се наградени со признанието „Златно тркало“. Годинава, на шестото издание на оваа манифестација брендот Peugeot и брендот Opel, за кои компанијата Еуроимпекс е долгогодишен застапник, се здобија со две награди/признанија во две различни категории.
Новиот Peugeot 3008 е прогласен за најпосакуван електрифициран автомобил, а новиот Opel Grandland е прогласен за најпосакуван семеен автомобил.
И двата модела заслужено и очекувано ги добија овие признанија и беа препознаени од широката јавност како најпосакувани автомобили во своите категории за 2025 година.
Peugeot 3008 се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Porsche Macan, Nissan Qashqai, Renault Rafale и Lync & Co 01.

Opel Grandland се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Baic X55, Dacia Duster, Ford Kuga, Geely Starray, Lync & Co 01 и Haval Dargo.
– Им честитаме на сите победници и на организаторите на настанот. Сме кажале и претходно, ќе кажеме и повторно: вакви награди и признанија кои се наши – македонски, посебно ни се драги и ни претставува огромна чест да ги примиме. За нас се тие од огромна важност, меѓудругото и поради тоа што ние сме првата приватна македонска компанија во автомобилската индустрија. Таа емотивна нишка веќе 35 години нѐ поврзува со нашите национални – македонски признанија и особено ни значи препознатливоста кај македонската јавност. Со ова ги повикуваме сите заинтересирани да закажат тест возење со новиот Peugeot 3008 и новиот Opel Grandland и да се запознаат одблиску со победниците од двата бренда – изјави Ана Јовановска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.