Петрушевски: Здравев не образложи зошто Кацарска да биде уставен судија, бидејќи се срами

На оваа дискусија реплицираше пратеникот Мартин Костовски од СДСМ, кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ најмалку има право да зборува за независно судство, откако цела јавност можела да чуе како се договарале и издавале наредби за судски пресуди.

379

Собранието денеска ја продолжува расправата за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Кацарска за уставен судија ја предложи Судскиот совет, на крајот на септември. Таа треба да дојде на местото на судијата Владимир Стојановски, чиј мандат е истечен.

За предлогот дискутираше пратеникот Бране Петрушевски, кој рече дека Кацарска е контроверзна личност, која со оваа функција во Уставниот суд се наградува поради нејзината послушност во извршување на наредбите од власта. Тоа што претседателот на Судскиот совет Кире Здравев не го образложил предлогот, рече тој, говори дека се срами од она што го предлага Судскиот совет.






На оваа дискусија реплицираше пратеникот Мартин Костовски од СДСМ, кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ најмалку има право да зборува за независно судство, откако цела јавност можела да чуе како се договарале и издавале наредби за судски пресуди. За време на неговата дискусија опозициските пратеници упатуваа свирежи, како и во текот на вчерашниот ден, кога излегоа и со транспарент „Кацарска извршител на мафијата“.

 

Поврзани содржини