ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО ИРАНСКИ НАПАДИ ВРЗ ТЕЛ АВИВ Експлозии одекнаа и во Ерусалим

Најмалку 19 лица се убиени во Израел во иранските гранатирања од започнувањето на војната на 28 февруари со израелско-американските напади врз Иран.

165

Пет лица се повредени во денешните ракетни ирански напади врз Тел Авив и централен Израел, а експлозии одекнаа и во Ерусалим.

Ракетите испукани од Иран предизвикаа материјална штета, а има и повредени, соопшти „Маген Давид Адом“, израелски еквивалент на Црвениот крст.






Најмалку шест експлозии се слушнале вечерва и во Ерусалим.

Најмалку 19 лица се убиени во Израел во иранските гранатирања од започнувањето на војната на 28 февруари со израелско-американските напади врз Иран.

Во операциите, пак, што ги започна војската на Израел против проиранската група Хезболах во јужен Либа досега се убиени 10 израелски војници.

Поврзани содржини