ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР Се судриле три возила

220

Пет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа при судир на три возила изутринава околу 10 часот на автопатот Тетово-Гостивар. Сите се однесени во гостиварската болница за укажување лекарска помош.

– На автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила „сеат леон“ со гостиварски и „фолксфаген голф“ и „фиат“ со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата, со повреди се здобиле вкупно пет лица кои веднаш се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош – информираат од СВР Тетово.






На местото на несреќата увид изврши екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Поврзани содржини