ПЕТМИНА ПАЦИЕНТИ ОД СРБИЈА И ЕДЕН ОД ИТАЛИЈА СЕ ВРАЌААТ ВО МАКЕДОНИЈА Дел од повредените во странство се со подобрена здравствена состојба

Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по 6 повредени во „Св. Наум Охридски“ и во ГОБ „8 Септември“ и 4 пациенти во приватните болници.

197

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, 5 од Србија (тројца од Клиничкиот болнички центар во Ниш и двајца од Военомедицинската академија во Белград) и еден од Италија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите.

Во однос на останатите пациенти во странство, кај дел има подобрување, а неколкумина сѐ уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.






Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по 6 повредени во „Св. Наум Охридски“ и во ГОБ „8 Септември“ и 4 пациенти во приватните болници.

„И понатаму внимателно ја следиме состојбата на повредените пациенти и остануваме во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и во странство, посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани“, наведува Министерството.

Поврзани содржини