Петмина играчи на Барселона се позитивни на ковид-19

Во оваа фаза, не е јасно кои биле заразените, доколку овие информации воопшто се вистинити.

588

Петмина играчи на Барселона и двајца тренери имале коронавирусот, но клубот не ја објави оваа информација, според весникот „АС“.

Сите играчи и тренери на шпанскиот гигант се тестираа за вирусот на почетокот на пандемијата и седум од нив се тестираа позитивно. Кај сите нив болеста била асимптоматска, а во повторените тестови – пред да се вратат на тренинг, немаше повеќе заразени.






Во оваа фаза, не е јасно кои биле заразените, доколку овие информации воопшто се вистинити.

Барселона треба да се врати во Ла Лига на 13 јуни, кога се соочуваат со Мајорка.

Поврзани содржини