Пријавувањето на Сашо Мијалков значи дека системот созреал. Лично, тој ме разочара, го спаси братучед му, но и покрај сите врски со тајните служби себеси не можеше да се спаси, рече Тито Петковски вечерва во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
– Не верувам во драми, за да се напише една драма потребен е спектакуларен ум и не верувам дека сегашната власт е способна на тоа. Методите на полицијата може да бидат различни за да обезбедат едно лице, верувам дека и Мијалков не бил до крај решен да побегне. Мијалков држи до својот углед, но мислам дека полицијата му влегла во траг и му дале шанса сам да дојде и да ја прими поканата. Човекот се обиде да избега, но најверојатно кај него победи човечкото или врските му откажаа – рече Петковски.