ПЕТКОВ ПРИСТИГНА ВО БИТОЛА СО ХЕЛИКОПТЕР Беше пречекан со протести и исвиркување (ВИДЕО)

Битола е под засилено полициско обезбедување поради посетата на високата делегација и најавите за протести од страна на Левица и Сојузот на борците од Битола.

1,834

Бугарскиот премиер, Кирил Петков пристигна во Битола каде што  ќе присуствува на отворањето на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“.

Петков на настанот пристигна со хеликоптер. За време на пристигнувањето тој беше пречекан од граѓани кои извикуваа најразлични погрдни зборови.






Делегацијата ја сочинуваат уште и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и пратеничката Екатерина Захариева.

Битола е под засилено полициско обезбедување поради посетата на високата делегација и најавите за протести од страна на Левица и Сојузот на борците од Битола.

Поврзани содржини