ПЕТКАТНИЦА ЌЕ НИКНЕ ВО ПАРКЧЕТО СПРОТИ „МЕПСО“? Богдановиќ ѝ издал одобрение на фирмата „Сколимекс“
Според Богдановиќ одлуката уште не е правосилна бидејќи има можност да се поднесе жалба, а актуелниот градоначалник Горан Герасимовски изјавил дека тоа нема никаква врска со неговиот мандат, тврди Фактор.
Одобрение за градење на петкатница во паркчето спроти „Мепсо“, а позади „Хотел Јадран“ на само неколку метри од Плоштад Македонија издал доскорешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ пред да замина од функцијата, а тоа може да се провери онлајн на е-системот за одобренија, пишува Фактор.
Малото зелено парче со димензии 30 по 35 метри е веројатно последната зелена оаза околу плоштадот, а градбата ги засега жителите на улиците Орце Николов, Скопска и Никола Кљусев. Тие уште имаат време да се жалат, а рокот тече.