Петгодишното дете кое единствено го преживеа падот од жичарницата, излезе од болница
Детето е единствениот патник кој го преживеа падот на гондолата од жичарницата во Стреси, во близина на врвот Мотароне. Останатите 14 патници, вклучително и неговите родители, двегодишниот брат, прадедото и прабабата, загинале.
Петгодишното дете од Израел, единствениот кој ја преживеа несреќата на жичарницата во Италија, во која на 23 мај загинаа 14 лица, денес излегло од болница откако здравствената состојба му е значително подобра.
– Еитан рано утрово излезе од болница – објавија здравствените власти на Торино, каде што беже згрижен.
Дома се вратил со возило на Итна помош во придружба на тетка му. Детето живее во Павија, јужно од Милано.
– Неговата здравствена состојба многу е подобра – се вели во соопштението во кое се додава дека за целосно закрепнување ќе му требаат уште два месеци.
Детето е единствениот патник кој го преживеа падот на гондолата од жичарницата во Стреси, во близина на врвот Мотароне. Останатите 14 патници, вклучително и неговите родители, двегодишниот брат, прадедото и прабабата, загинале.
Еитан, чие семејство се доселило во Италија во 2018 година, во несреќата се здобило со тешки повреди.
Против повеќе одговорни лица во фирмата која управува со жичарницата се води кривична постапка под сомнение дека намерно е деактивиран системот за итно кочење кој требало да ја блокира кабината кога пукнал кабелот.