ПЕТЧЛЕНА БАНДА ПЉАЧКАЛА ПО ВИНИЦА Провалиле во 13 куќи и викендички
Упасените ги признале делата и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави, информира полицијата.
Полициски службеници од ОВР Виница расчистија 13 кривични дела од кои шест „тешка кражба”, три „тешка кражба во обид” и четири „кражба”, извршени во куќи и викендици на подрачјето на Виница, при крајот на минатата и на почетокот на оваа година.
Како што информира МВР, поради сомнение дека ги извршиле кривичните дела, од слобода се лишени О.И. (30), А.И. (20), Џ.И. (26), Т.И. (32) и Б.Д. (18), сите од Виница.
– При претрес по судска наредба во домот на осомничените биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Во полициска станица бил извршен службен разговор со осомничените кои ги признале кривичните дела, соопшти МВР и нагласи дека поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.