ПЕТАР ГРАШО НА КОНЦЕРТ ГРИЗНА ОБОЖАВАТЕЛКА ЗА НОГА Шокантен потег на пејачот (ВИДЕО)
На социјалните мрежи се прошири снимката од сплитскиот пејач како држи за нога обожавателка за време на концерт и очигледно ја гризе.
Хрватскиот поп пејач Петар Грашо, кој неодамна се појави со сопругата Хана Хуљиќ на церемонијата на доделување музички награди MAC во Белград, на концерт гризна обожавателка за нога, а видеото се појави на социјалните мрежи и се прошири брзо.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое на сцената се појавила девојка, а потоа и пришол Грашо и ја гризнал за ногата. Не е познато кога е направена оваа снимка ниту за кој концерт се работи.
Многумина се шокирани од ваквиот потег на хрватскиот пејач, а на видеото се гледа дека обожавателката стои на сцената покрај Грашо кога тој приоѓа и ја гризе за ногата.
Petar Grašo! pic.twitter.com/CBRXNHW9sj
— Pluton (@Pluton45873221) February 5, 2023
ФОТО: Инстаграм