ПЕТАР БОГОЈЕСКИ СТАНА ДИРЕКТОР НА „ЕРАЗМУС“ На 15 мај во Варшава официјално ќе ја преземе функцијата

Богојески доаѓа на местото на Марко Ѓоргиевски, кој ја водеше оваа институција од ноември 2020 година.

1,291

Петар Богојески, лидерот на „Македонски концепт“, коалиционен партнер во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ е поставен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус“.

Тој соопшти дека бил избран на Јавен повик на позицијата директор на оваа национална институција.






Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска, соопшти Богојески.

Најголем дел од фондот на пари со кои располага агенцијата доаѓа од програмата на Европската Унија „Еразмус+“ наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во земјите во Европа, меѓу кои и Македонија.

Богојески доаѓа на местото на Марко Ѓоргиевски, кој ја водеше оваа институција од ноември 2020 година.

Во 2018 година Богојески како „реформатор и фракционер“ беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини