ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ НА РАСПИТ ЗА ТЕПАЧКАТА ВО ТЕТОВО Разговорот се водел во присуство на родителите
Тие се сомничат дека на 05.05.2023 околу 22.50 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово физички нападнале четири малолетници од Тетово.
Во Секторот за внатрешни работи Тетово синоќа, во присуство на родители, претставници од Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, бил извршен службен разговор со пет малолетници од Тетово.
Тие се сомничат дека на 05.05.2023 околу 22.50 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово физички нападнале четири малолетници од Тетово.
„По полноќ, во 00:55 часот во СВР Тетово, З.Ј.(44), З.М.(42) и Г.Т.(51), сите од Тетово, пријавиле дека околу 22:50 часот на улицата Борис Кидрич во Тетово нивните малолетни синови и уште двајца малолетници од Тетово биле физички нападнати од неколку други малолетници“, соопшти претходно СВР Тетово.