Пет луѓе дадоа отказ поради заканите на Том Круз! Тајната снимка предизвика хаос во екипата на „Невозможна мисија“

979

Пет лица престанаа да работат на филмот „Невозможна мисија 7“, откако Том Круз (58) во еден разговор се закани дека ќе даде откази доколку се повтори непочитувањето на сите мерки и прописи против коронавирусот.

Бесен, Том пцуел и викал по телефон, додека некој тајно го снимал и аудио-снимката од разговорот очигледно му беше доставена на таблоидот „Сан“.






– Првиот испад беше голем, но работите не се смирија. Напнатоста се развиваше со месеци и ова беше последната капка. Откако тоа стана јавно, лутината на луѓето се зголеми и неколкумина од нив ја напуштија работата на проектот – изјави извор за спомнатиот медиум.

– Том едноставно не може да поднесе одредени работи, по сите тешкотии и маки низ кои поминаа за да можат воопшто да продолжат со работењето на „Невозможна мисија 7“. Тој е вознемирен, бидејќи другите не го сфаќаат тоа сериозно како тој – посочил изворот.

Да потсетиме, во октомври, Том тешко го поднесе сознаението дека дури 12 лица кои работеле на снимањето на филмот во Италија биле позитивни на коронавирусот.

 

Поврзани содржини