ПЕТ ГОДИНИ СЕ ОБИДУВААТ ДА СЕ РАЗВЕДАТ Анџелина го обвини Бред дека го малтретирал најстариот син (ФОТО)

934

По пет години, Анџелина Џоли (46) и Бред Пит (57) сѐ уште не се разведени. Имено, разводо го покренаа уште во 2016 година, а и понатаму не можат да се договорат околу старателството над шестте деца кои ги имаат заедно.

Можните причини за нивната разделба со години ги полнеа таблоидите, како и битката за старателството над децата. Во последните пет години и двајцата потрошиле повеќе од милион долари на бракоразводната парница.






Заедно имаат шест деца: Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12).

Медокс, Захара и Пакс се посвоени од Камбоџа, Етиопија и Виетнам, додека Шајло и Нокс се нивни биолошки деца.

Анџелина веќе со години се обидува да добие целосно старателство над децата, но Бред жестоко се бори против тоа.

Меѓутоа, јавноста беше изненадена со неодамнешните документи кои се раширија низ медиумите, а во кои Анџелина тврди дека Бред наводно бил злоставувач.

На суд ги предала документите кои велат дека е подготвена да предаде докази кои покажуваат дека Бред го нападнал нивниот најстар син Медокс, додека семејството било на приватен лет кон дома од Франција. Тој напад наводно се случил само неколку дена пред Анџелина да ги поднесе документите за развод во 2016 година.

Од друга страна, Бред ги негира сите овие обвиненија и досега поради нив не бил приведен, ниту му било пресудено врз основа на тие обвиненија.

Синот на Анџелина Џоли украден од рацете на роденото семејство? Агентот за  посвојување завршил во затвор (ФОТО) – plusinfo.mk

 

 

Поврзани содржини