ПЕШТЕРА ПРОДАДЕНА НА АУКЦИЈА Старите карпести слики купени за два милиони долари

Продажбата на ова место свето за Домородните Американци испраќа погрешна порака. Тоа е како да ја продавате Сикстинската капела на аукција, вели истражувачот кој е против наддавањето.

177

Познатата „Пештера на цртежи“ во Сент Луис, САД, украсена со илјадници години стари карпести слики на ѕидовите, е продадена на наддавање.

Од 1953 година, пештерата и околината се во сопственост на семејство од Сент Луис, кое го користеше како ловиште. Купувачот, кој претпочита да остане анонимен, ја купи пештерата и околното земјиште за 2,2 милиони долари. За домородниот народ Ниуконска, ова е свето место.






Антропологот Керол Дијаз-Гранадез, инаку познавач на ова место, исто така се противеше на наддавањето.

– Продажбата на ова место свето за Домородните Американци испраќа погрешна порака. Тоа е како да ја продавате Сикстинската капела на аукција – вели истражувачот.

Претставниците на племето, кои дознаа за продажбата, лани се обидоа да ја купат пештерата директно од сопствениците, но за жал понудија мала сума

Поврзани содржини