ПЕШКИ ДА ОДЕЛЕ ПОБРГУ ЌЕ СТИГНЕЛЕ Цели 10 часа патници патувале до Битола, откако расипан воз ја блокираше пругата

Некаде околу 19 часот од Скопје тргна помошна локомотива која во дури во 21.50 часот ја повлекла расипаната, по што патничиот воз од Богомила продолжил кон Битола.

356

Патничкиот воз за кој синоќа објавивме од Скопје, пристигнал во Битола 30 минути по полноќ, и покрај тоа што од Железничката станица тргнал во 14.30 часот, патувал цели 10 часа бидејќи беше запрен на станицата во Богомила.

Како што бевме инфомирмира во текот на вчерашниот ден, причината за запирање на патничкиот воз на станицата во Богомила беше расипаниот товарен воз кај село Слепче, што доведе до блокада на пругата. Некаде околу 19 часот од Скопје тргна помошна локомотива која во дури во 21.50 часот ја повлекла расипаната, по што патничиот воз од Богомила продолжил кон Битола.






Патниците од преполниот патнички воз со три вагони, вчера реагираа на социјалните мрежи поради долгото чекање на станицата во Богомила. Од страна на Македонски Железници тие не биле информирани која е причината за тоа што возот е запрен во Богомила и по неколку часа чекање од компанијата не им беше огранизиран друг превоз, па така патешествијето на околу 120 патници траеше точно 10 часа.

Поврзани содржини
na