ПЕШАК УДРЕН НА КРСТОСНИЦА ВО БИТОЛА Жител на Долна Чарлија со тешки повреди е пренесен во болница

Несреќата се случила на крстосница во Битола, а повредениот е пренесен во Клиничката болница.

41

Педесетгодишен пешак е тешко повреден откако бил удрен од автомобил на крстосница во Битола, информира полицијата.

Несреќата се случила вчера во 19:48 часот на крстосницата меѓу улиците Прилепска, 15 Мај и Цветан Димов, кога патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот Д.Т. од Битола, удрило во пешакот Ж.С. (50) од селото Долна Чарлија, општина Могила.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничка болница Битола.

По настанот, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Поврзани содржини