НЕОСНОВАНИ ИСПЛАТИ ВО БИТОЛСКА БОЛНИЦА Кривична за поранешната директорка за штета од 500.000 денари

Полицијата се сомнева дека биле исплатени прекувремени часови на лекари спротивно на одлука на Управниот одбор.

230

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка и раководителка на оддел во Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, поради сомнение за злоупотреба на службената положба.

Според информациите од СВР Битола, пријавени се Е.И. (53) и М.А.Н. (61), двете од Битола. Првата, како директор на болницата, а подоцна и медицински директор во Министерство за здравство, и втората, како раководител на Одделот за интерни болести, ги пречекориле своите овластувања со намера да прибават противправна имотна корист.

Според полицијата, во периодот од ноември 2023 до јуни 2024 година тие потпишувале листи за исплата на прекувремени часови на 12 лекари од Одделот за интерни болести, за извршени прегледи и визити на пациенти од Одделението за урологија и Одделението за физикална медицина и рехабилитација, иако тоа било спротивно на одлука на Управниот одбор.

Со ваквите постапки, како што наведуваат од полицијата, била овозможена неоснована исплата на надомест за прекувремена работа во вкупен износ од 494.933 денари, со што бил оштетен буџетот на државата.

Поврзани содржини