ПЕШАЦИТЕ ГИ ПРОМАШУВААТ ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ За пет часа изречени 82 казни!
Најмногу прекршоци се регистрирани и санкционирани во Тетово и во Охрид.
Во засилената полициска контрола на сообраќајниците во текот на вчерашниот ден во периодот од 9 до 14 часа во неколку градови во Македонија регистрирани и санкционирани се дури 82 прекршоци направени од пешаци кои непрописно преминувале улици. Најмногу пешаци се казнети во Тетово и во Охрид.
„Полициски службеници на СВР Тетово вчера (12.09.2023) од 09.00 до 14.00 часот спровеле акциска контрола на прекршоци што ги прават пешаците, во која биле откриени и санкционирани вкупно 43 прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-17). Најголемиот број од прекршоците (40) се однесувале на непрописно преминување на улици, односно на преминување надвор од обележани пешачки премини, а 3 (ТЕ) на непочитување на светлосна сообраќајна сигнализација на крстосници. При контролата, санкционирани се и 11 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
На 12.09.2023 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, при преземени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 39 пешаци кои извршиле небезбедно минување на коловоз, односно преминале улица надвор од обележан пешачки премин (Охрид-14, Струга-15, Кичево-07, Дебар-03). Против нив се поднесени соодветни платни налози“ – стои во известувањето од МВР.