ПЕРСОНАЛОТ НА 4 МЕДИУМИ ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ОД ПЕНТАГОН Секоја година ќе ротираат по едно печатено и онлајн издание, телевизија и радио

589

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека персоналот на четири медиуми – Њујорк тајмс, Националното јавно радио (НПР), Ен-Би-Си и веб-страницата Политико – ќе бидат преместени од нивните канцеларии во Пентагон до 14 февруари.

Наместо тие медиуми, во канцелариите на Пентагон ќе бидат сместени вработени од Њујорк пост, One America News Network, Breitbart News Network и HuffPost News, се вели во соопштението.






Се нагласува дека во иднина секоја година низ канцелариите во Пентагон ќе ротираат по едно печатено издание, онлајн издание, телевизија и радио.

Поврзани содржини