🎥 ПЕНЗИОНИРАН ПОЛИЦАЕЦ НАПРАВИЛ МАСАКР ВО КАЛИФОРНИЈА? Нишанел кон сопругата, убил 5 лица, повредил 6
Најмалку пет лица загинаа во пукање во моторџиски бар во округот Оринџ во Калифорнија, а шест лица се повредени и се во болница, јави Си-би-ес Лос Анџелес.
Според локалните медиуми, полицијата одговорила на повикот од барот „Кукс корнер“ околу 8.30 вечерта и на местото на настанот затекнала масакр.
Два анонимни извора за овој весник рекле дека напаѓачот бил пензиониран полицаец од округот Вентура. Наводно, негова цел била неговата побегната сопруга, која очигледно ја следел до барот каде пукал во толпа луѓе.
КЦАЛ Њуз објави дека убиецот е застрелан, но не се знае дали им подлегнал на повредите.
Кабинетот на гувернерот на Калифорнија соопшти дека ја следи ситуацијата по пукањето во округот Оринџ.
Сенаторот Дејв Мин рече дека му е скршено срцето по веста за уште едно масовно убиство.
-Моето срце е скршено поради семејствата и најблиските на жртвите на ова пукање – рече тој.
Барот каде што се случил масакрот е популарно место за собирање моторџии од 1970-тите.