Пензиониран готвач од Данска се пробил до тајната служба на Северна Кореја и ги разоткрил црните бизниси на Ким Јонг Ун

Како штоа раскажува тој во документарецот, имало една ситуација кога задно со еден поранешен припадник на Легијата на странци и познат дилер на дрога, почнал преговори со високи претставници на Северна Кореја за купување цели вооружени системи и производство на наркотици.

907

Улрих Ларсен е пензиониран готвач од Данска, кој успеал да се пробие до самиот врв на тајната служба на Северна Кореја. Тој вели дека ни самиот не знае зошто се впуштил во таков двоен живот со оглед на тоа што претходно живеел релативно спокојно во Копенхаген. Но, само што отишол во пензија, тој одлучил да замине во Северна Кореја, а токму тој негов потег ги крена на нозе Обединетите Нации (ОН).

За Ларсен сега се снима и документарен филм, особено поради тоа што успеал да ги открие плановите и деловните тајни на Ким Јонг Ун. Се прашувате зошто ОН е толку потресена? Затоа што во документарецот се прикажува како Северна Кореја се обидува да ги заобиколи санкциите на ОН и како испорачува дрога и оружје.






Како што е прикажано во филмот, Ларсен случајно се нашол во друштвото на данско-севернокорејското пријателство, а набрзо се спријателил и со претседателот на Меѓународното здружение на пријатели на Северна Кореја. Па така, тој станал доверлив соработник и почнал да патува во земјата на Ким Јонг Ун.

Интересно е тоа што целата своја мисија ја изведува тајно без знаење на сопругата, а за тие негови 10 години во улогата на шпион успеал да стане многу важна личност за КФА, а преку севернокорејското Министерство за култура се доближил до самиот врв на таа земја, како и до нејзините тајни служби.

Како штоа раскажува тој во документарецот, имало една ситуација кога задно со еден поранешен припадник на Легијата на странци и познат дилер на дрога, почнал преговори со високи претставници на Северна Кореја за купување цели вооружени системи и производство на наркотици. Во Уганда, објаснува тој, требало да изградат подземна фабрика за дрога, а преку таа земја би одело и оружјето.

– Воопшто не се сомневам дека некој ќе биде многу лут, бидејќи јас на некои луѓе прилично им уринирав по нозете и многу ги лажев – рекол Ларсен.

За содржината на документарецот веќе се зборувало во Европската Унија, а данскиот готвач повторно ќе оди на пат. Овој пат во ОН, каде е повикан пред надлежното тело.

Поврзани содржини