Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (СЗПМ) ги поздравува мерките на владата за слободно движење на сите граѓани, вклучувајќи го и бесплатниот автобуски превоз за корисниците на пензија.
– Се апелира до пензионерите доследно да ги почитуваат мерките за носење маски и одржување на социјална, односно физичка дистанца, а автобускиот превоз да го користат само во случаи кога тоа е неопходно потребно. Се упатува апел и до сите приватни и државни субјекти (банки, пошти, маркети и др. ) предност да се дава на пензиoнерите бидејќи тие се ризична целна група каде степенот на превенцијата треба да биде на повисоко ниво – се вели во соопштението од Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија.
Пензионерите и понатаму, со право, како што се наведува, очекуваат дека ќе бидат опфатени со мерките на Владата предвидени во третиот пакет.