Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија апелира до Министерството за здравство да обезбеди вакцини против сезонски грип за пензионерите кои спаѓаат во групата на најзагрозени граѓани, заради големиот број на хронични заболувања и намалениот имунитет заради годините.
– Апелираме и молиме овие граѓани да имаат приоритет и во здравствените установи каде се дистрибуира вакцината, се вели во соопштението на СЗПМ.
Сојузот бара од граѓаните пензионерите да имаат предност пред банките, продавниците, здравствените установи за преглед и друго, бидејќи, како што наведуваат оттаму, ова е мало внимание, а голема почит, кои тие ја заслужуваат.