ПЕНЗИОНЕР ЈА ПРЕТЕПАЛ 77-ГОДИШНАТА СОПРУГА Во еден ден две пријави за семејно насилство во Скопје
77-годишна жена била нападната од нејзиниот сопруг во нивниот дом на подрачјето на општина „Ѓорче Петров“.
Два случаи на семејно насилство се пријавени во Скопје во текот на вчерашниот ден. Во семејниот дом на подрачјето на општина „Ѓорче Петров“, 77-годишна жена била нападната од својот сопруг. Во Чаир 38-годишна жена пријавила дека била физички нападната и малтретирана од сопругот и од неговото семејство.
„Во СВР Скопје, вчера во 18 часот, 77 – годишна жена пријавила дека околу 13.50 часот во домот на подрачјето на Ѓорче Петров, физички ја нападнал нејзиниот сопруг П.Х. од Скопје.
Вчера во 01.00 часот во СВР Скопје, 38 – годишна жена пријавила дека на 05.11.2023 околу 19.30 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзините сопруг А.И.(46), свекрва С.И.(71) и золва А.И.(43), сите од Скопје“ – стои во известувањето од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.