ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА 2.000 ДЕНАРИ Владата ги усвои законските измени
Нема да застанеме тука. Ова е само дел од политиката на грижа, правичност и одговорност за која се обврзавме и која што посветено ја спроведуваме, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук, откако Владата на денешната седница го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
„Ветивме – исполнивме. И продолжуваме. На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите: 1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври); 1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април). Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа Влада. Вкупно 7.000 денари повеќе“, напиша Мицкоски.
Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка, додаде тој.
„Нема да застанеме тука. Ова е само дел од политиката на грижа, правичност и одговорност за која се обврзавме и која што посветено ја спроведуваме“, додаде Мицкоски.