ПЕНТАГОН ИМАЛ ДОКАЗИ Москва ќе нападне „под лажно знаме“ против Украина

1,258

Пентагон денеска соопшти дека има докази за план на Москва да сними лажен украински напад врз Русите, за да го оправда вистинскиот напад врз поранешната советска република.

– Имаме информации дека Русите веројатно ќе сакаат да измислат изговор за инвазија. Веруваме дека Русија ќе создаде многу живописно пропагандно видео кое ќе вклучува трупови и актери кои прикажуваат ожалостени и слики од руинирани места, со цел да ја оправда инвазијата на Украина  – изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Поврзани содржини