Пендаровски за „Трилинг“: Со Пахор не сум разговарал за поделба на Македонија (ВИДЕО)
Македонскиот шеф на државата вели дека независно од тоа дали постои таков документ или не, неговиот став е одамна познат и многу пати кажуван, а тој е дека секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот.
Словенечкиот портал „Нецензурирано“ објави факсимил од наводниот нон-пејпер што Љубљана во февруари го испратила до Брисел и неколку други ЕУ дестинации под наслов „Западен Балкан-патот напред“. Според овој документ наводно се предлага прекројување на границите во БИХ, спојување на Албанија и Косово.
Дали за оваа тема на претседателскиот самит разговарале Пахор и Пендаровски за „Трилинг“ од Кабинетот на претседателот доставија писмена реакција.
„На ниту една од средбите кои сум ги имал со претседателот на Словенија Борут Пахор во изминатиот период, не е разговарано за прекројување на внатрешните или надворешните граници на Балканот“, дециден е македонсккиот претседател Стево Пендаровски во изјава за утрешното издание на емисијата Трилинг на ТВ24.
Македонскиот шеф на државата вели дека независно од тоа дали постои таков документ или не, неговиот став е одамна познат и многу пати кажуван, а тој е дека секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот.
На прашањето на уредникот на „Трилинг“ дали ваквите идеи се сигнал дека Балканот повторно би можел да се претвори во буре барут ако во блиска иднина земјите од регионот не бидат приклучени кон ЕУ, македонскиот претседател со оценка дека идеите за прекројување на границите нема да добијат поддршка од Европската Унија.
„Единствениот пат кој води напред кон подобар живот и благосостојба на граѓаните и државата е преку исполнување на неопходните реформи, клучни за наше придружување во европското семејство“, изјави претседателот Стево Пендаовски за утрешното издание на „Трилинг“ на ТВ24.