Пендаровски утре напладне ќе ѝ се обрати на нацијата

Шефот на државата во обраќањето ќе одговори на прашањата врзани за коронавирусот, за тоа дали ќе има седница на Советот за безбедност, нова вонредата состојба, како и за изборите.

814

Претседателот на државата Стево Пендаровски утре точно напладне ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите, потврдија од Кабинетот на шефот на државата.

Шефот на државата во обраќањето ќе одговори на прашањата врзани за коронавирусот, за тоа дали ќе има седница на Советот за безбедност, нова вонредата состојба, како и за изборите.






Останува неизвесно дали ќе има лидерска средба за датумот за изборите.

Претседателот Пендаровски, последната 14-дневна вонредна состојба, која требаше да помогне за реализација на мерките за справување со корона кризата, ја прогласи на 30 мај, а истекува в сабота на 13 јуни.

Поврзани содржини