Пендаровски: Очекувам позитивна одлука за добивањето датум за преговори со ЕУ

Во поглед на приемот во НАТО, Тој истакна дека е вчудоневиден од Шпанија, која и покрај коронавирусот го ратификуваше договорот, која беше последната земја-членка.

351

Претседателот Пендаровски рече дека има добри информации во однос на датумот за отпочнување преговори со ЕУ. Тој ова го базира врз на она што Макрон го кажа, како и дека тој има побарано две работи од нас.

Во поглед на приемот во НАТО, Тој истакна дека е вчудоневиден од Шпанија, која и покрај коронавирусот го ратификуваше договорот, која беше последната земја-членка.






– Никогаш не сум видел празен парламент да работи, и тоа само за нас со единствена точка на дневен ред – ратификација на договорот за влез на Република Северна Македонија во НАТО. Шпанскиот крал како што ми вети така и направи, тој лично го потпиша указот. Указот се испраќа во Стејт Департментот, ние исто така ќе го депонираме нашиот протокол кој предвреме го ратификуваме. Откако ќе го депонираме стануваме официјална членка на НАТО – вели Пендаровски.

Тој додаде дека заедно со Помпео и Столтенберг бил договороен официјален прием, церемонија со која САД сакала да каже колку е важен влезот на Македонија во НАТО. Исто така била договорена церемонија за кревањето на знамето на земјата во седиштето на НАТО, но поради ситуацијата со коронавирусот, сега ќе мора да се одложи.

Поврзани содржини