ПЕНДАРОВСКИ ИСВИРКАН НА ГАЛИЧКА СВАДБА Никогаш северна, само Македонија (ВИДЕО)

На видеото може да се види и слушне дека граѓаните го исвиркаа претседателот, а се слуша и “никогаш северна само Македонија”.

946

Претседателот Стево Пендаровски беше исвиркан од дел од присутните граѓани на традиционалната Галичка свада, судејќи според видеото објавено на социјалните мрежи.

На видеото може да се види и слушне дека граѓаните го исвиркаа претседателот, а се слуша и “никогаш северна само Македонија”.






Во текот на вчерашниот ден Собранието ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата на вонредна седнца го прифати предлогот.

Претседателот Пендаровски го поздрави ваквиот чекор, а честитки стигнаа и од Европската Унија.

Денеска Бујар Османи во Бугарија го потпиша Протоколот со Бугарија, а бугарската МНР Теодора Генчовска изјави дека Бугарија не го прифаќа македонскиот јазик и вистински преговори со ЕУ ќе почнат после промена на Уставот за внесување на Бугарите во истиот.

Поврзани содржини