ПЕНДАРОВСКИ ГО НАРЕЧЕ ТРАМП „ТРАНСАКЦИСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ“ Македонија не може да ја купи страната на Трамп во спорот со Бугарија

Поранешниот претседател смета дека Македонија како мала држава, не смее да истрчува и да застанува рамо до рамо со Трамп, против ЕУ, имајќи предвид дека големите држави мерат и мудромерат каде и како ќе се позиционираат.

1,344

Поранешниот претседател претседател Стево Пендаровски ја критикуваше надворешната политика на актуелната влада.

Тој  смета дека актуелната власт се истрчува и не може „да ја купи“ страната на Доналд Трамп во спорот со Бугарија, а на глобален план сме мала држава за да сметаме дека можеме да бидеме на страната на САД во спорот со Европската Унија.






– Ние треба да видиме што можеме да понудиме кај ваков Трамп во однос на Бугарија – ништо, практично ништо. Кај трансакциски претседател ние имаме многу малку што да понудиме – зборувам за пари и ресурси. Бугарија има далеку подобра стратешка позиција од нас рече Пендаровски во гостување на ТВ Сител.

Тој смета дека Македонија како мала држава, не смее да истрчува и да застанува рамо до рамо со Трамп, против ЕУ, имајќи предвид дека големите држави мерат и мудро мерат каде и како ќе се позиционираат.

-Прво, тоа ново нормално не ја преплави Америка, не ја преплави американската политичка сцена, таму си има јасно позиционирана опозиција. Новото нормално, според мене, нема да го преплави ниту северноамериканскиот континент ниту Европа, новото нормално не ги преплави Мексико и Канада. Америка има двајца сојузници во светот, само со две држави има посебни релации, Велика Британија и Израел. Британија не ја преплави новото нормално. Десет години од Брегзит, Британија е поблиска до Брисел и Париз, отколку до Вашингтон. Ние сме мала држава, ние не сме светска велесила, туку меѓу најмалите на Балканот и нас не ни личи да истрчуваме, да бидеме брзи и први да се позиционираме до Трамп. Ако најголемите од Г7 не се наредија рамо до рамо со Трамп после изборите, туку вагаат, мерат кои се нивните интереси и што со ваквиот претседател на САД можеш да постигнеш за својата држава, не можам да разберам што е ова истрчување знаејќи дека сме многу мала држава со мали ресурси – рече

Според него, многу важно Македонија да внимава и да не се истрчува бидејќи првпат се случува двете глави, ЕУ и САД, да бидат на различни страни.

-Јас не велам дека ние не треба да се дружиме со Американците и да бараме нивна поддршка. Ние сме членка на НАТО, но сакаме да бидеме и членка на ЕУ. Првпат се случува двете глави, САД и ЕУ да бидат на различни страни и затоа ние како мала држава не смееме да бидеме за едниот против другиот. Големите ќе се договорат меѓу себе, а нас ќе ни замерат. Не смееме да бидеме коспонзор на резолуција на чија иста страна се Северна Кореја и Белорусија. Друго се пријателските односи. И Борис Трајковски беше пријател со Џорџ Буш, но во носењето одлуки на глобалната политичка сцена, тие пријателски односи немаат врска. Тоа што нашиве тврдат дека се пријатели со Ричард Гренел и тој ќе им го решел проблемот, тоа не оди така. Играат само интересите. Два примери – два човека – Александар Вучиќ и Еди Рама, имаат пријателски и семејни односи со Трамп и со членови на неговата администрација. Дали беа коспонзори на резолуцијата? Не, чекаат, не се истрчуваат и мудро вагаат – рече Пендаровски.

Пендаровски смета дека не е добро да бидеме дел од ист регион со Унгарија.

-Што ние заеднички имаме со Унгарија за да бидеме во исти регион. Не сме во ЕУ, во ред. Но зошто да бидеме само со Унгарија и Србија, зошто да не бидеме со уште 4-5 држави во околината. Ние земаме кредит од Унгарија, зошто ни е таа специјален економски партнер. Зошто само со Унгарија, зошто не Швајација на пример? Виктор Орбан во Европа е последниот автократ. Не би требало држава која нема доизградена демократија, да речеме дека од него ќе учиме и дека тој ќе не внесе во некаков нов регион каде што ќе биде супер демократија – вели Пендаровски.

Тој нагласи дека Орбан никогаш не рекол дека ја поддржува идејата за условни уставни измени со кои Бугарите би влегле во Уставот дури откако ќе станеме дел од ЕУ.

Поврзани содржини