ГОРИ КУЌА ВО КАТЛАНОВСКO БЛАЦЕ Нема информација за повредени, интервенираат пожарникари
Пожарот предизвика паника во околината бидејќи се слушале пукања на ќерамидите.
Вечерва избил пожар во куќа во близина на катлановско Блаце, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје се обидуваат да го локализираат пожарот.
Пожарот предизвика паника во околината бидејќи се слушале пукања на ќерамидите, но засега нема информации за евентуални повредени.