ПЕНДАРОВСКИ ГИ ИЗРАДУВА ШВЕЃАНИТЕ Среќни сме што и претседателот на Северна Македонија ја користи железницата ФОТО
За време на своето патување, придружуван од шведската амбасадорка г -ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, тој имаше шанса да ужива во шведска фика со земички од цимет и кардамон - пишува во постот на Амбасадата на Фејсбук.
Претседателот Стево Пендаровски, кој е во работна посета на Шведска, објави фотографија на Фејсбук на која се гледа како патува со воз.
– Со возот Малме- Гетеборг- Стокхолм – пишува Пендаровски на Фејсбук.
И шведската амбасада во Скопје по повод посетата на Пендаровски објави фоторафии.
– Не е ретка глетка да се видат шведски функционери како користат јавен превоз за да се движат низ и меѓу шведските градови. Всушност, тоа е претпочитаниот начин на транспорт низ цела Шведска за луѓе од сите возрасти и сфери на живот. Една од причините: грижа за животната средина, бидејќи возовите придонесуваат помалку за емисиите на јаглерод отколку авионските патувања. Среќни сме што и претседателот на Северна Македонија г -дин Стево Пендаровски ја користи шведската железница додека е во Шведска. За време на своето патување, придружуван од шведската амбасадорка г -ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, тој имаше шанса да ужива во шведска фика со земички од цимет и кардамон – пишува во постот на Амбасадата на Фејсбук.