ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ ПОЧЕКА ДА СЕ ФОРМИРА МНОЗИНСТВО Состојбата сега е пата-пата
Пендаровски посочи дека според Уставот, постои само еден начин за распишување предвремени избори, а тоа е пратениците со 61 глас „за“ да го распуштат Собранието.
Да почекаме од понеделник да видиме како ќе се развива ситуацијата по овој неуспешен обид за изгласување недоверба на Владата. Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова што е досега мнозинство од 61 пратеник, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски.
Во однос на можно одржување лидерска средба, Пендеровски рече дека е потребна согласност од власта и опозицијата.
– Од кој било аспект на тековната политичка криза, што започна по вториот круг на локалните избори, потребна е взаемна согласност од власта и опозицијата – рече Пендаровски.
Пендаровски посочи дека според Уставот, постои само еден начин за распишување предвремени избори, а тоа е пратениците со 61 глас „за“ да го распуштат Собранието.