ПЕЛОСИ СИ ДАДЕ ОСТАВКА Најмоќната жена меѓу демократите во САД нема да ги предводи во Претставничкиот дом

Веста доаѓа кога се очекува „црвените“ републиканци да ја вратат контролата врз Домот по среднорочните избори. Пелоси во Конгресот најверојатно ќе ја наследи Кевин Мекарти, кој е номиниран за лидер на Републиканците.

300

Американката која годинава отиде да го посети Тајван и покрај кинеските предупредувања и со тоа ја налути Кина, Ненси Пелоси, си даде оставка. Политичарката која речиси две децении ги предводеше демократите во Претставничкиот дом на САД, објави дека се повлекува од таа функција. Оваа 82-годишна жена се смета за најмоќна меѓу „сините“ демократи во Конгресот и прва жена која била претседателка на Претставничкиот дом.

Таа ќе продолжи да ја претставува Калифорнија во Долниот дом на Конгресот, пишува Би-Би-Си.






Веста доаѓа кога се очекува „црвените“ републиканци да ја вратат контролата врз Домот по среднорочните избори. Пелоси во Конгресот најверојатно ќе ја наследи Кевин Мекарти, кој е номиниран за лидер на Републиканците.

Пелоси и нејзиниот сопруг неодамна беа жртви на напад во нивната семејна куќа кога напаѓач успеал да го повреди сопругот Пол Пелоси. Ненси тогаш изјави дека овој настан може да влијае на одлуките за иднината на нејзината кариера.

Поврзани содржини