ПЕКОЛОТ ВО ГРЦИЈА ДЕЛО НА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ? Државниот обвинител нареди истрага! (ВИДЕО)

„Синхронизираноста во избивањето на огнената стихија предизвикува разумен сомнеж дека станува збор за намерна активност на организираниот криминал за подметнување пожари, а не само за едноставна, случајна појава, за инциденти кои се предизвикани со неодговорно однесување“, вели обвинителот Плиотас.

3,668

Грчкиот државен обвинител Василиос Плиотас нареди истрага за да се утврди дали има организиран план за предизвикување пожари што сега ја опустошуваат и ја уништуваат целата земја, јавуваат медиумите.

Обвинителот Плиотас испратил барање до највисоките судски инстанци и до полицијата, пренесува „Екатимерини“.






– Преголемиот број пожари со необичен интензитет и размери, кои се случија во последните денови, направија непроценлива штета по животната средина, особено na шумските богатства на Грција, зградите и други објекти, земјоделското земјиште, посевите и na туристичката инфраструктура, загрозувајќи ги дури животите на нашите најблиски. Синхронизираноста во избивањето на огнената стихија предизвикува разумен сомнеж дека станува збор за намерна активност на организираниот криминал за подметнување пожари, а не само за едноставна, случајна појава, за инциденти кои се предизвикани со неодговорно однесување – напиша обвинителот Плиотас.

Во Грција избувнаа повеќе од 500 пожари, а неколку илјади луѓе беа евакуирани од десетици населени места. Пожарите траат веќе девет дена и изгорени се повеќе од 93.000 хектари шума.

Ситуацијата на северот од грчкиот остров Евија е сѐ уште тешка и во моментов се води борба за да се спречи пожарот да стигне до градовите Едипсос и Истмус. Огнената стихија во Камтриадес сега е под контрола, но пожарот, помогнат од ветрот, стигнува до селото Галатсадес, пренесува агенцијата АНА.

Пожарите пак се разгиореа и на Пелопонез, во близина на античка Олимпија. Битката со пожарот во западниот дел на Пелопонез продолжува, а превентивно беа евакуирани дваесеттина села.

Во античка Олимпија и во Гуртина на Пелопонез интервенираат 578 пожарникари, на грчките им помагаат нивни колеги пожарникари од Велика Британија, Германија и од Франција, а на располагање заедно со седум хеликоптери и шест авиони е и рускиот авион Бериев-200 за гаснење од воздух.

Синоќа, на атинскиот аеродром пристигна првиот руски авион Ил-76, што Москва го испрати по барањето на Атина за помош.

 

 

Поврзани содржини