ПЕКОЛЕН ЧЕТВРТОК, ЖИВАТА ЌЕ ОДИ НАД 40 СТЕПЕНИ Утре бидете внимателни ќе биде многу жешко

Во Скопје се очекува температура до 41 степени, без ветер, со слабо раздвижување на воздухот, што дополнително ќе ја отежнува состојбата, особено за повозрасните лица, хронично болните и децата. Температурата ќе се движи од 20 до 41 степени.

365

Граѓаните на Македонија, а особено скопјани, утре (четврток) ги очекува екстремно топол ден, со температури што наместа ќе надминат 40 степени Целзиусови, а вредноста на УВ индексот ќе достигне 9, што значи максимален ризик за здравјето, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните утрински температури ќе се движат од 10 во Берово до 20 во Скопје, а максималните дневни од 30 во Маврово и 41 степен во Гевгелија и во Скопје.






Во Скопје се очекува температура до 41 степени, без ветер, со слабо раздвижување на воздухот, што дополнително ќе ја отежнува состојбата, особено за повозрасните лица, хронично болните и децата. Температурата ќе се движи од 20 до 41 степени. На граѓаните им се препорачува да не излегуваат на сонце во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат повеќе течности и да носат светла облека.

Во петок, топлото време ќе продолжи, но во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност, со појава на пороен дожд, грмежи, силен ветер и можна појава на град, особено во западните и северните делови на земјата. УХМР предупредува дека временската промена може да биде во форма на невреме, па се апелира на зголемена внимателност при движење на отворено.

Викендот носи олеснување – температурите ќе паднат за 5 до 7 степени во однос на четврток, а ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе ја подобри и општата временска слика. Времето ќе остане сончево, но далеку поподносливо за излегување и активности на отворено.

Поврзани содржини