ПЕКОЛ ВО ГРЦИЈА Метeoролозите најавуваат температура и до 44 степени
Покрај тоа, концентрацијата на прашина ќе остане висока во западните делови на Грција.
Температурите во Грција значително ќе се зголемат во следните неколку дена, за утре да достигнат до 43 до 44 степени Целзиусови во континенталниот дел од земјата, покажуваат најновите податоци на метеоролошката служба на Атинската национална опсерваторија.
Максималните температури во централните и јужните делови на земјата денес ќе се искачат на меѓу 39 и 41 степени Целзиусови, додека на северот од земјата тие ќе се движат од 36 до 38 степени, пренесува грчката агенција АНА.
Многу високи температури се очекуваат и на островите, кои во некои делови на Крит и источен Родос ќе достигнат до 39 степени.
Покрај тоа, концентрацијата на прашина ќе остане висока во западните делови на Грција.