– Во самоизолација во Пехчево моментално има едно лице, додека 11 лица се во самоизолација во Берово. Сите се во добра здравствена состојба без симптоми на болеста. Апелирам и понатаму на почитување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, со што ќе останеме на листата на општини каде не е регистрано присуство на вирусот – истакна Каракашева.
– Во однос на прекршувањето на полицискиот час во општина Пехчево немаме казнети или пријавени лица. Што се однесува до општина Берово, досега поднесени се осум кривични пријави – информираа од полициската служба.