ПЕЕВМЕ БЕЛА ЧАО, РЕКОЛ СИ ЏИНПИНГ ПО СРЕДБАТА СО ВУЧИЌ „Тоа е песна од филм, знаеме за хероите на Југославија“

Тоа е исто така многу популарна песна. И со неа се оддаде почит на херојскиот придонес што народите на Југославија го дадоа во војната. Нашите два големи народа се бореа во Европа и Азија, и тие дадоа големи жртви и значително придонесоа за победа над фашизмот, изјавил Си по средбата со српскиот колега во Пекинг.

1,493

„Вчера, за време на приемот и комеморативните церемонии, како и за време на вечерниот настан, луѓето ја отпеаа „Бела Чао“ од југословенскиот филм „Мост“.

Со овие зборови кинескиот претседател Си Џинпинг ја коментирал срдечната средба која ја имал со српскиот колега Александар Вучиќ истакнувајќи дека двете земји негуваат железно пријателство.






– Тоа е исто така многу популарна песна. И со неа се оддаде почит на херојскиот придонес што народите на Југославија го дадоа во војната. Нашите два големи народа се бореа во Европа и Азија, и тие дадоа големи жртви и значително придонесоа за победа над фашизмот – заклучува Си.

Кинескиот претседател нагласи дека пред 80 години кинескиот народ се борел и дека извојувал една од најзначајните победи во Втората светска војна, и нагласи дека српскиот народ, заедно со сите народи на Југославија, исто така се борел против странската агресија и марширал кон слободата.

Вучиќ на средбата со Си рече дека Србија ја гледа Кина како искрен пријател и истакна дека Кина и нејзиниот претседател застанаа покрај Србија кога беше во тешки времиња, и економски и медицински, но и политички.

Српскиот лидер истакнал и дека Србија, заедно со кинеските партнери, ја заврши делницата од меѓународната железница Белград-Будимпешта на територијата на Србија и дека таа ќе биде отворена за сообраќај за 15 дена.

Тој, исто така, се заблагодари за инвестицијата во железарницата и челичарницата Смедерево и инвестициите на „Зиџин“ во источна Србија и го замоли Си Кина да продолжи да ѝ помага на Србија со инвестиции во иднина.

 

Поврзани содржини