„ПЕЧАТОТ СТОЕШЕ НА ШАЛТЕР ЗА ДА НЕ ЧЕКААТ ПАЦИЕНТИТЕ“ Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“
Совесно и одговорно тврдам дека мојата лозинка во системот и печатот и сум ги оставила на шалтер и ги користеле практиканти и ја прифаќам вината, изјави пред судот онкологот Мери Пешевска објаснувајќи дека нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо и да не чекаат пациентите.
Онкологот Мери Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина.
Пешевска, пред Судот рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата зошто, како што рече, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо и да не чекаат пациентите.
– Совесно и одговорно тврдам дека мојата лозинка во системот и печатот и сум ги оставила на шалтер и ги користеле практиканти и ја прифаќам вината – изјави Пешевска.
Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози е обвинета за несовесно лекување пациенти.
Претходно пред Судот, поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, рече дека не се чувствува за виновен.
Во судница присутни се и останатите двајца обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје.